ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

ПРЕВЕНТИВНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

Здравствената заштита на децата во градинката има пред се превентивна улога.

Превентивните мерки што секојдневно ги обезбедуваме на планот на здравствената заштита на децата се однесуваат на следните активности:

  • Засилена хигиена на сите простории и редовна дезинфекција на работните површини и на играчките и другите предмети со кои детето секојдневно доаѓа во контакт;
  • Често проветрување на просториите;
  • Одржување на личната хигиена како на персоналот, така и на децата преку миење на рацете со антибактериски сапун (во дозери),
  • Редовна дезинфекција на рацете на персоналот, родителите и други посетители со средство за дезинфекција,
  • Доколку детето добие симптоми на грип за време на претстојот во градинка (зголемена телесна температура, повраќање, пролив, кашлање, омалаксаност и сл.) веднаш да се изолира во лекарската соба или во засебна просторија, да се повика родителот или член на семејството. Доколку почне интензивно да кашла, да му се стави на устата и носот маска.
  • Доколку детето добие симптоми дома, да не се носи во градинка, да се побара лекарска помош и додека не оздрави да не се носи во градинка. Задолжително да се извести персоналот од што боледува детето. По лечењето родителот е должен да достави лекарска потврда (препорака за родителите);
  • Доколку детето е отсутно од градинка од некоја друга причина а не од болест, родителот треба да го извести персоналот за причината на отсуството;
  • Уредно да се евидентираат отсутните деца од страна на воспитувачката-негователката на групата;
  • Меките и плишаните играчки да се отстранат од занималната;
  • Доколку член во семејството има сомнителни симптоми, да не се носи детето во градинка, додека не се направат консултации со лекар.

За спречување на ширењето на инфективните заболувања и вошливоста, при утринската тријажа (прием) се прави контрола и сомнителните случаи веднаш се изолирани од средината.

Сите прегледи: контролни и систематски, како и вакциналниот статус на децата, редовно ќе бидат евидентирани во Досието на детето. Во Досието ќе се внесуваат и сите останати податоци за психофизичкиот развој и здравствената состојба на детето од раѓање до поаѓање на училиште.

Заради целосно и нормално остварување на здравствената заштита на децата и вработените во работните единици обезбедена е посебна просторија-лекарска соба со прирачна амбуланта.