Градинката ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ уписот на децата го врши според Правилникот за прием на деца одобрен од Советот на Општина Центар – Скопје и согласно постапката за упис.

ПОСТАПКА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Апликацијата е достапна за симнување на следниов линк.

(Задолжително да се наведе, за кој објект се аплицираМатичен објект на ул. Козара бр. 26А, објект Н.Н.Борче на ул. 9-ти мај – зад Универзална сала, објект Бели Мугри на ул. Ацо Караманов бр. 2 – зад ОУ “Кочо Рацин” и објект Панорама на ул.Тасино чешмиче бр. 9А)

Истата се пополнува и се доставува во објект во кој аплицирате  заедно со лични карти од двата родитела.

За приемот на детето и понатамошни насоки ќе добиете известување на вашите електронски адреси од страна на раководителите на објектите.

 

ПОСТАПКА ЗА УПИС НА ДЕТЕ

Потребни документи за упис на дете во градинка:

 

ПОСТАПКА ЗА ИСПИС НА ДЕТЕ
Родителите кои планираат да го отпишат своето дете од градинка се должни истото да го најават еден месец пред исписот. Во тој период потребно е да ги подмират своите обврски кон градинката. Најавувањето за испис на детето се врши кај одговорниот раководител на објект.

Сите потребни информации може да ги добиете на следниов контакт телефон: 075 411 130