родители

image3
Поладневна работилница во Матичен објект

Во рамките на проектната активност, на ден 18.02.2020г., се реализираше креативна работилница, на која што децата од 4 – 5 г. гр. Бубамари заедно со своите родители изработуваа Емотикони од различен ликовен и природен материјал.

image6
Работилница-дружење со родители во Матичен објект

Во рамките на проектот “На патот кон среќата”, в.о група “Сонциња” 5-6г , одржаа работилница-дружење со родители на тема” Јас сум единствен, заедно сме целина”, во која децата цртајки се себе си, со помош на родителите, напишаа пораки колку секој од нив е посебен и единствен и по што се разликуваат од другите.

saska2
Креативна работилница на тема “Тиквијада”- Н.Н.Борче

На ден 20.11.2019 год. во просториите на објектот Н.Н. Борче, во групите од 2 – 6 год. се одржа креативна работилница со родители на тема “Тиквијада”. Родителите кои се одзваа во голем број, заедно со своите деца, на нивно големо задоволство, направија прекрасни изработки од тиква, со кои ќе бидат украсени занималните во предстојниот период.

druzenje_6
Попладневно дружење со родители во објект Панорама

На ден 21.12.2019г. во просториите на објект Панорама, децата од воспитните групи од 3 – 5 год. реализираа попладневна креативна работилница на тема ,,Изработки од тиква”. Родителите со своите деца изработија разни креации, со кои ги украсија влезовите на градинката.

20190424_162538
Велигденска работилница во Бели Мугри

На ден 24.04.2019г. во групата Сонциња од 2-3год.се одржа креативна работилница со родители по повод христијанскиот празник Велигден. На истата, децата заедно со своите најмили креираа најразлични велигденски украси за разубавување на занималната во пресрет на овој голем празник.

muzej3
„МУЗЕЈ НА ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА“ ВО ОБЈЕКТ ПАНОРАМА

Во пресрет на претстојниот празник во објект Панорама беше реализирана активноста – Музеј на велигденски јајца, која е одраз на трудот кој е вложен од страна на вработените, во развивање на креативноста кај децата. Нешто ново, интересно и за возрасните и за дечињата.

Дружење со родители – Бели Мугри

Во рамките на проектот “Како се разболуваме како се лекуваме” на 4ти април во групата од 3 – 4г. се реализираше креативна работилница на тема “Нашата домашна аптека” Како полици за нашата аптека, ги искористивме полиците од литературниот центар, кои родителите ги дополнија со испринтани во боја сликички од медицински помагала, кутии од лекови, предмети за хигиена, здрава храна и напитоци кои на еден или друг начин се наоѓаат на полиците во аптеките.

IMG_2019
Попладневна работилница во објект Н.Н.Борче

На ден 28.03. во групата “Пчелички” во објектот Н.Н.Борче, беше реализирана попладневна работилница во рамките на проектот “Шумски животни “. Родителите заедно со своите деца моделираа шумски животни и нивни живеалишта. од глина.

Креативна работилница со родители во Н.Н.Борче

Во рамките на проектот „Птиците во РМ“, во воспитната група „Сонциња“, на возраст од 4-5 години, во објектот Н.Н.Борче, на ден 27.03.2019 година, во попладневните часови беше организирана креативна работилница со родителите, под мото:„Животните средини на птиците во РМ“.