претстава

IMG_3953
Театарска претстава

Уште еден прекрасен ден за децата од Матичен објект…26.02 2020, ден кога гостувањето на театарската група “Арт Вени види” со претставата “Добрата самовила Добринка” ги разбранува детските срца и направи вистинска бура од емоции..

pretstava2
Театарска претстава подготвена од воспитниот тим на објект Н.Н.Борче

На ден 01.11. 2019г. во просториите на објект Н.Н.Борче се реализира театарска претстава со наслов “Лина и Мина во градинка” подготвена од воспитниот тим на објект Н.Н.Борче. Театарската претстава допринесе децата да разберат дека градинката е пријатно место за растење и учење низ игра и забава.

teatar3
Ден на театарот – куклена претстава во објект Бели Мугри

Во објектот Бели Мугри, Денот на тетарот – 27- ми март беше одбележан со интерна куклена претстава “Помирисни и слушни”, реализирана од тимот на воспитувачи. Претставата ја следеа децата од сите воспитни групи од објектот, кои, поради интересните кукли, музика и комичната но воедно и поучна содржина на претставата, останаа со полно внимание до самиот крај.

IMG_9083
Театарска претстава во објект Бели Мугри

На ден 27.02.2019г. децата од 4 – 6г. од објектите Бели Мугри и Панорама, ја проследија претставата – Check-in – Пред зграда, во организација на Општина Центар. Тие со големо внимание и интерес ја гледаа претставата, а потоа во занимална ги искажаа своите впечатоци и истите ги претставија на цртежи.

zgrada1
Театарска претстава – Check in: Пред зграда – Матичен објект

На 22.02.2019 год. децата од возрасните групи од 4-6 год. од Матичниот објект ја проследија театарската претстава – Check in: Пред зграда. Целта на оваа претстава беше – децата преку театарски јазик, близок и разбирлив за нив, да го согледаат негативното влијание од постојаното користење на паметните уреди и социјалните мрежи.

IMG-331710e82ad81bfe530fbfe01decd2fc-V
Куклена претстава во објект Бели Мугри

На ден 07.02 во објект Бели Мугри од страна на воспитниот тим, беше реализирана куклена претстава ” Зимско капутче за малиот ежко” која ја проследија децата од 2-6 годишна возраст. Динамиката на случувањата во самата претстава и изобилството на ликови во истата, ги воодушеви децата и несомнено го задржа нивното внимание. Репер за детскиот интерес, беа громогласните аплаузи и желбата да се пролонгира траењето на претставата.

image2
Театар на сенки во Матичен објект

На ден 01.02.2019г. Активот на воспитувачи од Матичен објект ја реализира претставата – Трите Снешковци, како театар на сенки, пред децата од воспитните групи од 2 – 6г.. Децата со воодушевување ја проследија претставата, , пред се што некои од децата за прв пат проследија ваков вид на театарска уметност.