едукација

20200217_104431
Анимација во медијатеката „Да се запознаеме со Чупи!“

Петнаесетина деца на возраст од 5 и 6 години од скопската градинка „Кочо Рацин – Клон Наум Наумовски Борче“, заедно со нивните учителки денес ја посетија нашата #медијатека. Децата имаа можност да се запознаат со детскиот лик Чупи преку колекции на детски книги и сликовници и да го погледнат цртаниот филм „Чупи на училиште“.

20200217_103017
Посета на ФРАНЦУСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР

Во посета на ФРАНЦУСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР, беа децата од групата ,,Сонциња” (5-6), од објектот Н.Н.Борче. Детската едукативна литература најмногу им го привлече вниманието на децата. Уживаа во книгите за деца и сликовниците.

IMG-f595270a16dafdea5047a9d0772aa612-V
Посета на стоматолози во Н. Н. Борче

На ден 14.02.2020 год. во објект Н. Н. Борче, децата од 4-5 годишна возраст, имаа чест да се дружат и едуцираат со професори од Стоматолошкиот факултет – проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска и проф. д-р Марија Стевановиќ и нивните специјализанти.

zoo2
Посета на Зоолошка градина

Во рамки на предвидените активности, децата од воспитната група од 5-6 год. од објект Панорама ја посетија Зоолошката градина. Низ царството на животните ги водеше едукаторот Александар кој на децата им раскажуваше за животните.

med2
Посета на пчелар во објект Бели Мугри

На 25.09.2019 децата од воспитната група од 5-6години – Зајачиња во објектот “Бели Мугри” имаа средба со г-дин Гоце Мирчевски, медар и член на пчеларското здружение “Матица”. Со помош на видео проекција и разговор, децата се запознаа со најслаткиот производ на пчелите, медот.

Ден за заштита на озонската обвивка

Децата од воспитната група „Сонциња“ 5 – 6 години, од објектот Н. Н. Борче, Денот за заштита на озонската обвивка го одбележаа со едукативен разговор за озонот и подигање на свеста за негова заштита и гледаа едукативен цртан филм за деца „Ози Озон“.

mece_borce
Мече болница во објектот Бели Мугри

Студенти од Медицинскиот факултет во соработка со ЕМСА – Македонија на 14.11.2018г. беа гости во објект Бели Мугри. Целта на посетата беше да се отстрани стравот од белиот мантил, како и да се поттикнат децата на здрави животни навики.