На ден 17 и 18.12, во сите четири објекти на нашата установа беше реализирана новогодишната претстава со наслов “Огласот на Дедо Мраз” на театарската група – Триангл.
На ден 19 и 20.12 во сите објекти на нашата установа се реализираше новогодишната претстава “Најскапоцениот подарок”. Претставата со својата сценографија и интерактивен текст го задржа вниманието на децата и со задоволство ја проследија.
На ден 20.12 во поладневните часови во објектите на нашата установа, се реализираше новогодишна креативна работилница, на која се одзваа голем број на родители. Своите креативни идеи ги преточија во многубројни новогодишни креации на големо задоволство на децата, кои се дружеа заедно со своите родители.