Да се запознаеме со Чупи

20200217_104431
Анимација во медијатеката „Да се запознаеме со Чупи!“

Петнаесетина деца на возраст од 5 и 6 години од скопската градинка „Кочо Рацин – Клон Наум Наумовски Борче“, заедно со нивните учителки денес ја посетија нашата #медијатека. Децата имаа можност да се запознаат со детскиот лик Чупи преку колекции на детски книги и сликовници и да го погледнат цртаниот филм „Чупи на училиште“.