Воспитно-згрижувачкиот кадар одговорно и професионално се грижи за унапредување на образованието на децата со целосно и континуирано имплементирање и осовременување на воспитно-образовниот процес преку вклучување на нови, современи форми и методи на работа.
Со цел унапредување на работата во воспитните групи основна задача претставува индивидуалното стручно усовршување на згрижувачкиот и воспитниот кадар во градинката. Редовно преку целата година воспитниот и згрижувачкиот кадар учествува во планирање, избор на содржини, форми, методи и средства за работа со децата. Редовно користи и консултира стручна литература, литература за деца, списанија за деца, општа литература и се што е ново и актуелно во Републиката и пошироко, како и присуствува и активно учествува на семинари, симпозиуми, предавања организирани во и вон рамките на градинката.
Во квалитетното и професионално планирањето и реализацијата на Програмата за стручно усовршување на згрижувачкиот и воспитниот кадар се вклучени: тимот на стручни работници: педагог, дефектолог (специјален едукатор и рехабилитатор), стручниот соработник по музичко воспитание, воспитувачите и негователките под раководство на директорот на градинката.
Планираните проекти од Програмата за стручно усовршување на воспитниот и згрижувачкиот кадар за 2022/23 год се: Во царството на игрите (објект Панорама), Ти раскажувам приказна (Матичен објект), Во светот на инсектите (Бели Мугри) и Водата на земјата (Н.Н. Борче).