ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ НА НИВО НА ГРАДИНКА

Имајќи ги во предвид условите за работа, средината во која е сместена градинката, индивидуалните разлики кај децата, потребите и можностите на децата, можностите во градинката, пошироката средина – планирањето и програмирањето на воспитно-образовната дејност во градинката во програмската 2023/24 година, ќе се реализира во согласност со програмските цели и задачи.

ЕКОЛОШКИ ПРОЕКТ –  „РАЗМИСЛУВАЈ ЕКОЛОШКИ“

Формирањето на еколошко однесување и создавањето на навики, запознавањето со предметите од живата и неживата прирoда – се препорачува да започне од предучилишна возраст. Иако се мали, тие ја разбираат грижата на нашата планета и нејзиното примарно значење.

Нашата цел е да поттикнеме интерес кај децата за природата, грижливо однесување, превземање на лична одговорност и се разбира привлекување на родителите и пошироката јавност, за работата во градинката, во функција на подобро еколошко образование на децата.

Планирани се одбележување на повеќе еко- датуми:

  • 16ти септември Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка
  • 22ри септемвриЕвропски ден без автомобили
  • 26ти септемвриСветски ден на чисти планини
  • 4ти октомвриСветски ден за заштита на животните
  • 13ти октомври Меѓународен ден за рециклирање на е-отпад
  • 3ти ноември – Светски ден на чист воздух
  • 4ти ноемвриДен на климатски промени
  • 29ти декември Меѓународен ден на биодиверзитетот 
  • 18ти мартСветски ден на рециклирањето
  • 21ви март Ден на екологија и Ден на заштита на шумите
  • 22ри мартСветски ден на водите
  • 22ри априлДен на Планетата Земја
  • 3ти мајСветски ден на сонцето
  • 10ти мајСветски ден на птици и дрвја
  • 24ти мајЕвропски ден на паркови
  • ЈуниЕвропска зелена недела
  • 5ти јуниДен на заштита на животната средина
  • 8ми јуниДен за заштита на океаните

ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Детската градинка е средина во која се реализира програма која им овозможува на децата со попреченост да учествуваат во сите активности со другите деца, да развиваат односи со врсниците што е од голема важност за здрав сознаен и социо-емоционален развој.
Инклузивниот тим во градинката претставува важна форма на инклузивното воспитание и образование, чија цел е да им помогне на децата кои се вклучени во инклузивниот процес. Инклузивниот тим во нашата градинка го сочинуваат: директор, педагог и специјален едукатор и рехабилитатор.

УЧИМЕ ЗА РАЗЛИЧНОСТИТЕ, ПРЕКУ ИГРИ И АКТИВНОСТИ

За малите деца кои посетуваат градинка, тоа е место во кое се случува транзицијата од семејството како мала и заштитничка средина, кон пошироката социјална средина – заедницата. И токму во предучилишната установа можеби за прв пат малите деца се соочуваат со комплексноста и разликите во заедницата или пак добиваат претстава за тоа како заедницата ги почитува или ги игнорира разликите. Тука децата, за прв пат, можат да го искусат чувството на исклученост или дискриминација.

  • Светскиот ден на знаковниот јазик 23ти септември;
  • Светскиот ден на белиот стап15ти октомври;
  • Светскиот ден на инвалидноста3ти декември;
  • Светскиот ден на лицата со Даунов синдром21ви март;
  • Светски ден на свесноста за аутизмот – 2ри април;

ПРОЕКТИ НА НИВО НА ОБЈЕКТИ

Планираните проекти од Програмата за стручно усовршување на воспитниот и згрижувачкиот кадар за 2023/24 год се:
ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА (Матичен објект),
НАШИОТ СВЕТ СЕ ВИКА МУЗИКА (објект Панорама),
СОНЦЕ, ВОДА, ВОЗДУХ, ПОЧВА (Бели Мугри) и
СЕКОЕ ДЕТЕ Е УМЕТНИК (Н.Н. Борче).

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗАЕДНИЦИ ЗА УЧЕЊЕ

Целта на Професионалната заедница за учење е заедништвото на вработените кои фокусирано разговараат и учат едни со други и едни од други, со заедничка цел да го поддржат секое дете да ги развие до максимум своите потенцијали и да ги стекне потребните компетенции. Секоја професионална заедница за учење се развива на свој оригинален начин и со свое темпо и најчесто е иницирана од еден или неколку вработени.