News Grid

feniks
Посета на издавачка куќа “Феникс” – Н.Н.Борче

На ден 09.11.2018г..децата од група – Жапчиња, беа во посета на Институт за наука, култура и уметност – Феникс, при што се запознаа со литературата за возрасни и деца, како и со сликовниците за најмалите.Сите деца од издавачката куќа добија сликовници со најубави басни.

stomatolozi2
Посета од стоматолози во Матичен објект

На ден 09.11.2018 год. во воспитната група од 5-6 години ,,Верверички” од Матичниот објект, во посета беа стоматолог и стоматолошка сестра од Здравствен дом ,,Идадија”. Целта на оваа посета беше запознавање со професијата стоматолог, како и запознавање на децата со правилната нега и хигиена на забите и усната празнина и препознавање на факторите кои можат да го загрозат нивното здравје. Преку ликовна работилница, децата своите импресии ги пренесоа на цртеж.

brakja_miladinovski
Посета на библиотека “Браќа Миладиновци” – Н.Н.Борче

Децата од 5 – 6г. од група – Пчелички,од објект Н.Н.Борче, на ден 09.11.2018г. ја посетија библиотеката “Браќа Миладиновци”, каде што се запознаа со институцијата библиотека, како и со начинот на кои се чуваат книгите. Исто така децата добија и бесплатно членство, со цел да им се поттикне љубовта и интересот кон книгите.

evropski_den_muzika
Европскиот ден на музиката

По повод 07.11. Европскиот ден на музиката, во објект Н.Н.Борче во соработка со државното музичко балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ беше одржан мини концерт, на кој се претставија неколку ученици со различни инструменти. Децата од 5 – 6г. имаа можност да се запознаат со различните инструменти (гитара, виолина, пијано и хармоника), во исто време и да уживаат во прекрасната музика од познати детски композитори.

kud_tanec
Посета на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија ,,Танец”

На ден 07.11.2018 г. децата од воспитната група од 5-6 години ,,Верверички’ од Матичен објект, беа во посета на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија ,,Танец”. Целта на посетата беше, децата да се запознаат со македонската традиционална музика, песни, ора, носија и со професиите – играорец, пеач и кореограф.

urbanasredina-beli_mugri
Ден на урбана средина – Бели Мугри

На ден 07.11.2018 година по повод Денот на урбана средина во објект Бели Мугри, во групата од 5 – 6г. гостин беше родител – архитект Јана Ѓорѓевиќ. Таа на децата им објасни што значи професијата архитект, ги запозна со позначајните објекти во нашиот град, како што се ГТЦ, Ману, Даут Пашин Амам, Камениот мост, Тврдината Кале, МОБ и сл. Со децата беа реализирани активности на маси, по групи – при што на соодветна мапа ги аплицираа објектите што се наоѓаат во нашиот град.

slika_2
Мече Болница – ЕМСА

На ден 06.11.2018г. во групите од 4 – 6 г. во Матичен објект, гостуваше ,,Мече болница”- Европска медицинска студентска асоцијација со претставници – студенти од Медицински факултет. Целта на оваа посета, беше кај децата да се надмине стравот од белиот мантил и одењето на лекар, како и да се поттикнат здрави животни навики, преку практични едукативни активности.

silbo1
Посета на Пекара Силбо – Панорама

На ден 06.11.2018г. децата од 4 – 5г. од објект Панорама беа во посета на пекара “Силбо”. Оваа посета имаше за цел, да ги запознае децата со основната група на храна и нејзината нутритивна вредност. Децата научија дека секој оброк треба да содржи протеини, јагленохидрати, масти како и потребни количини на витамини и минерали кои се корисни за нивниот раст и развој.

denovi_centar
Денови на Општина Центар

На ден 02.11.2018г. по повод – Деновите на Општина Центар, беше организирана манифестација во просториите на кино – Култура, во присуство на Градоначалникот, претставници од Општината и гости. Со своето присуство, манифестацијата ја збогати и учеството на децата од објект Н.Н.Борче, возрасна група од 5 – 6г .кои се претставија со музичко-драмска игра – Музикални мечиња и при тоа со својот настап, предизвикаа громогласен аплауз и воодушевување кај присутната публика.