МАТИЧЕН ОБЈЕКТ, ул Козара бр.26А тел. 3178-789
Објектот беше свечено отворен на 28.10.2015 год. и е резултат на целосно вложување на Општина Центар. Неговата површина изнесува 2677м2, со што целосно ги задоволува потребите на децата и вработените во објектот. На приземјето на градинката се наоѓаат 8 занимални, секоја со површина од 60м2 и околу 30м2 отворен простор, голем хол (повеќенаменски простор) со површина од 323м2, во кој се одржуваат спортски акртивности со децата , приредби, попладневни средби со родителите, стручни предавања за вработените и сл. Има опремен музички кабинет, кабинет за воспитно-згрижувачкиот кадар, централна кујна, како и простории за помошно техничкиот персонал и соодветен магацински простор.
На горниот кат се наоѓаат три занимални за деца на возраст до 2 години (јаслени групи), млечна кујна, кабинет за негувателки, како и административен простор со 6 канцеларии ( за директор, секретар, благајник, сметководител, педагок и лекар).
Целокупната опрема во објектот ја обезбеди Општина Центар. Занималните се опремени со плакари, детски креветчиња, маси и столчиња, комплетна опрема за воспитно-згрижувачкиот и административниот персонал, како и опремена централна кујна, перална и сушара во објектот.
Објектот располага со дворна површина од 3367 м2, со паркинг простор и зелен појас, кој е уреден од страна на Општината, а во наредниот период дел од просторот треба да се уреди и со детски реквизити.