Н.Н. Борче

20200217_104431
Анимација во медијатеката „Да се запознаеме со Чупи!“

Петнаесетина деца на возраст од 5 и 6 години од скопската градинка „Кочо Рацин – Клон Наум Наумовски Борче“, заедно со нивните учителки денес ја посетија нашата #медијатека. Децата имаа можност да се запознаат со детскиот лик Чупи преку колекции на детски книги и сликовници и да го погледнат цртаниот филм „Чупи на училиште“.

IMG-f595270a16dafdea5047a9d0772aa612-V
Посета на стоматолози во Н. Н. Борче

На ден 14.02.2020 год. во објект Н. Н. Борче, децата од 4-5 годишна возраст, имаа чест да се дружат и едуцираат со професори од Стоматолошкиот факултет – проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска и проф. д-р Марија Стевановиќ и нивните специјализанти.

IMG_20200205_095114
Посета на Планетариум

На ден 05.02.2020г. децата на возраст од 5 до 6год. од објект Н.Н.Борче, беа во посета на Планетариум, во рамки на месечната тема: “Ја истражувам нашата вселена”. Децата имаа можност да проследат едукативно предавање на тема „Планетите во нашиот сончев систем“ и да се запознаат со планетите и нивните карактеристични обележја.

IMG-76e2574c28d7caf8d3f7753c4527b53b-V
Креативна работилница со родители на тема „Новогодишни свеќници“-Н.Н.Борче

На ден 12.12.2019г. во просториите на објектот Н.Н.Борче се одржа креативна работилница со родители на тема „Новогодишни свеќници“. Во занималните владееше весела атмосфера.

Есенска акција во дворот на објект Н.Н.Борче

Во дворот на објект Н.Н.Борче, децата од групата Сонциња (5 – 6 г.), заедно со претставници од Лајонс клуб, засадија 40 бели рози, кои беа подарени со цел да се развие детската свест и поттикне грижлив однос кон природата, заради здрава иднина на децата.

saska2
Креативна работилница на тема “Тиквијада”- Н.Н.Борче

На ден 20.11.2019 год. во просториите на објектот Н.Н. Борче, во групите од 2 – 6 год. се одржа креативна работилница со родители на тема “Тиквијада”. Родителите кои се одзваа во голем број, заедно со своите деца, на нивно големо задоволство, направија прекрасни изработки од тиква, со кои ќе бидат украсени занималните во предстојниот период.

All-focus
Одбележување на Европски ден на музиката во објект Н. Н. Борче

По повод Европскиот ден на музиката, во објект Н.Н..Борче беа гости-родители – музичари, кои се претставија со нивните инструменти – виолина и гитара. Тие на децата им ја објаснија нивната намена и функција, а потоа преку музика и забава заедно со децата се дружеа.

gradonacalnik6
Ден на урбана средина

На ден 07.11.2019 год. по повод Денот на урбана средина, децата од објектот Н.Н.Борче (група – Цветови од 5 – 6г.) ја посетија Општина Центар и Градоначалникот Саша Богдановиќ. Децата имаа можност да го прашаат градоначалникот за неговата работа во Општина Центар.

Посета на библиотека и книжарница

По повод Месецот на книгата, децата од 5 – 6 години, од објектот Н. Н. Борче, на ден 05.11, беа во посета на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и книжарницата „Култура“. Децата се запознаа со книгата – како клуч за сите знаења 📚📖📑

pretstava2
Театарска претстава подготвена од воспитниот тим на објект Н.Н.Борче

На ден 01.11. 2019г. во просториите на објект Н.Н.Борче се реализира театарска претстава со наслов “Лина и Мина во градинка” подготвена од воспитниот тим на објект Н.Н.Борче. Театарската претстава допринесе децата да разберат дека градинката е пријатно место за растење и учење низ игра и забава.