Матичен Објект

IMG_3953
Театарска претстава

Уште еден прекрасен ден за децата од Матичен објект…26.02 2020, ден кога гостувањето на театарската група “Арт Вени види” со претставата “Добрата самовила Добринка” ги разбранува детските срца и направи вистинска бура од емоции..

image3
Поладневна работилница во Матичен објект

Во рамките на проектната активност, на ден 18.02.2020г., се реализираше креативна работилница, на која што децата од 4 – 5 г. гр. Бубамари заедно со своите родители изработуваа Емотикони од различен ликовен и природен материјал.

vezbam_9
Вежбам со мама и тато – попладневно дружење со родителите во Матичен објект

Татковци и мајки, браќа и сестри, заедно со децата од групата Детелинки (4-5 год) од Матичниот објект, вежбаа правилно дишење и истегнување на телото, се забавуваа и посакаа оваа дружба пак да се повтори.

heroj_1
Секој од нас може да биде супер херој

Денешниот ден беше посебен за децата од групите Детелинки и Буба Мари (4-5 год) од Матичниот објект. Тие денес се дружеа со Билјана Црвенковска, писателка на современа литература за деца и авторка на приказните Светот на Биби, со родителите-гости, уметникот Доротеј Нешовски од Детскиот креативен центар на МКЦ и ликовниот педагог Симона Игнатовиќ.

image6
Работилница-дружење со родители во Матичен објект

Во рамките на проектот “На патот кон среќата”, в.о група “Сонциња” 5-6г , одржаа работилница-дружење со родители на тема” Јас сум единствен, заедно сме целина”, во која децата цртајки се себе си, со помош на родителите, напишаа пораки колку секој од нив е посебен и единствен и по што се разликуваат од другите.

joga2
Тимбилдинг – креирање позитивна и мотивирачка атмосфера за нашиот тим

Вработените од Матичниот објект на нашатата градинка направија мала пауза и се фокусираа кон себе, на она што е добро и на она што може да го подобрат преку активности за Neurowelnes.

kacuvanje_3
ПРОЕКТИТЕ СО СРЦЕ и во нашата градинка

Новогодишните радости за децата од градинката Кочо Рацин во Капиштец оваа година се збогатија со уште еден подарок. Холот на градинката се оплемени со два вертикални ѕида за качување, заедно со меки подлоги, донација од Projects with a Heart, Philip Morris TKP & Expanda, за што од срце им се заблагодаруваме.