Нашата градинка дел од ТВ училницата на МТВ 1
Воспитувачката Снежана Гуцуљ од Матичниот објект на нашата градинка е дел од едукативната програма ТВ училница која се емитува на МРТ 1 секој ден со почеток од 10.30 часот.
Воспитувачката Снежана Гуцуљ од Матичниот објект на нашата градинка е дел од едукативната програма ТВ училница која се емитува на МРТ 1 секој ден со почеток од 10.30 часот.
Петнаесетина деца на возраст од 5 и 6 години од скопската градинка „Кочо Рацин – Клон Наум Наумовски Борче“, заедно со нивните учителки денес ја посетија нашата #медијатека. Децата имаа можност да се запознаат со детскиот лик Чупи преку колекции на детски книги и сликовници и да го погледнат цртаниот филм „Чупи на училиште“.
На ден 14.02.2020 год. во објект Н. Н. Борче, децата од 4-5 годишна возраст, имаа чест да се дружат и едуцираат со професори од Стоматолошкиот факултет – проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска и проф. д-р Марија Стевановиќ и нивните специјализанти.
По повод 13-ти ноември, децата од двете групи од 4 – 5г. од Матичен објект, беа во посета на Собранието. Децата се запознаа со просториите во Собранието, со функциите на вработените, салата за пратениците и собата на Претседателот на Собрание за прием на гости .
На ден 07.11.2019г. во сите објекти на нашата градинка во групите од 4-5 год.возраст се реализира првата работилница од проектот на тема “Што е отпадно масло”. На работилницата со децата се разговараше – за што се користи маслото, што готвиме со маслото, а проследија и документарен филм на тема “Што е отпадно масло, како се собира и рециклира’.
Во рамки на предвидените активности, децата од воспитната група од 5-6 год. од објект Панорама ја посетија Зоолошката градина. Низ царството на животните ги водеше едукаторот Александар кој на децата им раскажуваше за животните.
На 25.09.2019 децата од воспитната група од 5-6години – Зајачиња во објектот “Бели Мугри” имаа средба со г-дин Гоце Мирчевски, медар и член на пчеларското здружение “Матица”. Со помош на видео проекција и разговор, децата се запознаа со најслаткиот производ на пчелите, медот.
Претставник од пчеларското здружение ,,Матица” на ден 25.09.2019 год. во просториите на објектот ,,Панорама” презентираше едукативна содржина на тема: ,,Пчели и мед” пред децата од воспитната група од 5-6 год. Децата стекнаа сознание за животниот циклус на пчелите, живеалиштата, нивната корист, професијата пчелар и неговата пчеларска опрема. На крајот децата се засладија со најздравиот производ од природата- медот.
На ден 15.05.2019г. децата од 5 – 6г. од објект Бели Мугри беа во посета на фирмата ГДИ, каде вработените преку документиран филм им раскажаа на децата за Планетата Земја, а преку илустрирани мапи и за сите континенти посебно. Децата научија многу нови работи и го збогатија своето знаење. На крај од посетата секое дете доби по една сложувалка од Планетата Земја.
Во чест на Денот и на наше огромно задоволство, имавме голема чест и привилегија да се дружиме со Проф. д-р. Благица Крстевска. Во опуштена атмосфера, со пристап кој плени во првата секунда, децата уживаа во излагањето на докторката, која со себе имаше донесено – цел арсенал на лекарски прибор, кој е присутен во секоја ординација: стетоскоп, шпатули, ханзаплас, маски, капи, ракавици…