Активности за родители за период од 30.11 до 04.12.2020

Ruska 3
(4 – 6г.) „Запознавање со метеoрологија” –  Разговор со набљудување

Годишното време во кое забележуваме најмногу временски промени е есента, па во таа насока би сакале да ги запознаеме дечињата со терминот метерологија, што означува, како се нарекуваат луѓето што се занимаваат со оваа професија и сл.

Viki-3
(4 – 6г.) Промени вo природата (цврста, гасовита, течна состојба) – Експериментални игри

Откако детето се запозна и ги прошири своите знаења за метеоролошките појави и промени во природата, потребно е  да се запознае со истите и преку практични примери – експерименти.

Sandra 2
(4 – 6г.) „Метеоролошки мерења  –  (инструменти) термограф и ветроказ”

Метеоролошките појави во природата ги дознаваме од луѓето чија професија е метеоролог, а местото каде што го прават мерењето се вика метеоролошка станица, од каде секојдневно не известуваат во врска со временските појави во текот на неколку дена.

Ana 1
(2 – 4г.) Мојот прибор за лична хигиена – Сликање

Сите ние знаеме за да ја одржуваме хигиената на високо ниво, мораме почесто да ги менуваме четките за заби, чешлите за коса, сунѓерите за туширање и друг прибор за лична хигиена.

(4 – 6г.) Музичка приказна “Патувањето на малата Капка”

На почетокот на активноста, ќе разговарате за промените на времето – што забележуваат додека се надвор, што се случува со околината, дрвјата, растенијата, небото, сонцето, температурата.