Активности за родители за период од 25.05 до 29.05.2020

Mira 3
Воздушен сообраќај – ” Од балон до авион” – Разговор по енциклопедија

Разговорот може да го започнете со набљудување на птиците како летаат. Објаснете им на децата, дека луѓето така добиле идеа како да создадат летала за себе.

Ljupka 3
“Зелено килимче” – Ликовна игра (боење со сунѓер)

Разговарајте со своето дете за природата, карактеристиките на годишното време пролет, зборувајте за сонцето, дрвјата, птиците, животните, поттикнете го да се потсети и да каже какви бои се цвеќињата во пролет, каде растат, која боја му е омилена на детето и сл.

“Расцветана пролет“ – Разговор за боите, обработка на стихотворба и изработка на цветови (рециклирање со имагинација)

Родители, најпрво оваа активност можете да ја започнете со читање на двете долу понудени гатанки за Виножито и Ливада. Откако децата ќе ги погодат гатанките, разговарајте со нив за 7-те бои на виножитото.

Marijana 3
“Расцветана пролет” – Манипулативна игра – печатење со плутени тапи

На почетокот од активноста, прочитајте му ја на детето стихотворбата за – Пролетната слика, за да го воведете детето во волшебните бои на прекрасната природа.