Активности за родители за период од 25.01 до 29.01.2021

Bube 1
(4 – 6г.) Македонско народно творештво – Марко Цепенков раскажува… ”Е, што убаво кажува мојот народ, јас го бележам, да не се заборави”…

Народното творештво, во кое раскошно се изразил и се зачувал мекедонскиот “гениј”, е една од најважните придобивки на вековното постоење на нашиот народ, низ времето и историјата.

Ole 1
(4 – 6г.) Хумористични народни приказни

Во рамките на хумористичните народни приказни, се обработени многу мотиви како одраз на секојдневните односи меѓу луѓето, нивните најразлични доживувања, судбини и други животни ситуации.