„Да ја запознаеме нашата Планета Земја“
За воведување на детето, во оваа говорна игра за запознавање на Планетата Земја, може да користите детска енциклопедија, списанија, интернет и сл.
Математика во семејството – Усвојување на поимите “ГОРЕ – ДОЛУ”
За детето главата е горе и се што е над главата е горе, а нозете му се долу и се што е под нозете и покрај нозете е долу. Така таванот и лустерот се горе, а подот и килимот се долу. Во дворот гранките на дрвјата се горе, а коренот е долу.
„И нашата планета има свој ден – 22ри април“
Секој има свој дом и секој има свое место на оваа планета. Планетата Земја е нашиот дом. На неа има место за сите нас – мали и големи, црни, бели, жолти.
Вежби за рамнотежа – “Oдскокни, доскокни, прескокни“
Во овие денови на домашна изолација, потребно и многу важно е детето да практикува и физичка активност. За таа цел во вашиот дом може да направите едно инпровизирано полигонче на кое вашето дете секојдневно ќе игра и ќе се рекреира по следниов пример.
“Планетата треба да ја чуваме” – Разговор
На почеток, објаснете му на детето – Што е Екологија? – наука за чиста животна средина. Користете ги фотографиите подолу, за полесно да сфати.
„Нашата цветна градина“- Ликовна игра
Пролетта е најубавото годишно време. Во пролет целата природа се буди, дрвјата се раззеленуваат, птиците преселници се враќаат од југ, инсектите го започнуваат својот танц, ливадите и градините се преполни со разнобојни цвеќиња.
„Нашата планета чиста и среќна“
Оваа недела ја посветуваме на Планетата Земја, која е наш дом и дом на сите животни и растенија. За таа цел најпрво разгледајте ги приложените слики со нејзините загадувачи (можете да најдете и други на интернет или во некоја детска енциклопедија) и поттикнете го детето да каже што гледа на нив.
“Цветови„ – Манипулативна игра
Април е месец каде имаме најмногу бои во природата и најмногу опојни мириси кои не предизвикуваат да излеземе надвор. Доколку сте во можност излезете со детето во дворот или блиското паркче и наберете буkет миризливи цветови.