БЕЛИ МУГРИ  ул. Ацо Караманов бр.2 тел. 3178-253

Објектот БЕЛИ МУГРИ својата згрижувачка и воспитно – образовна дејност ја обавува од 1981 година. Тоа е објект од тврда градба со 1200 м2 корисна површина и 2333 м2 дворна површина. Овој објект е многу атрактивен, интересно осмислен, со голем тркалезен хол, кој нуди можности за заеднички активности и игри на децата, театарски претстави, приредби, дружења со родителите, забави и слично а воедно е поврзан со петте занимални – градинка.

И покрај тоа што во изминатите години реализиравме одредени активности и инвестициони зафати во објектот: промена на грејни тела, санација на оштетени делови од оградата, и сл., сепак се чувствуваше потреба од поголема реконструкција на објектот неколку години наназад. Нашите барања беа прифатени од старна на Општина Центар и од март 2010 година се работеше на објектот. Се изврши целосна реконструкција на 7 тоалети за деца и 2 тоалети за возрасни, се изврши промена на старите со нови ПВЦ прозорци, се постави нов паркет во јаслениот дел,се стругаше и се лакираше целиот паркет, се извршија молерофарбарски работи во сите занимални и се изврши фарбање на цевките за парно, се поставија 4 нови внатрешни врати и ново осветлување

Објектот располага со убава дворна површина која се користи за игри и престој на децата од сите возрасти. Дворот, со заеднички заложби на Градинката и Општина Центар, во изминативе години, се оплемени со: светилки, трева и неколку садници. Се збогати со нови детски реквизити, се дополни со нова ограда, а постојаната околу објектот се офарба. Сето ова се одвиваше напоредно со реконструкцијата во внатрешноста на објектот .

Во овој објект, кој се наоѓа во непосредна близина на ОУ КОЧО РАЦИН се запишани 180 деца распоредени во 7 воспитни групи, и тоа две групи јасли-деца до 2 годишна возраст и 5 групи градинка, деца на возраст од 2 до 6 години.