Нашата градинка дел од ТВ училницата на МТВ 1
Воспитувачката Снежана Гуцуљ од Матичниот објект на нашата градинка е дел од едукативната програма ТВ училница која се емитува на МРТ 1 секој ден со почеток од 10.30 часот.
Четврта работилница на тема – отпадно масло
Со децата од 4-5 годишна возраст од сите објекти се реализираше четвртата работилница за отпадно масло. Со децата разговарвме на тема: “Каде треба да се собира маслото и што се случува со животната средина, растенијата, животните и луѓето, ако отпадното масло се истура насекаде и не се собира правилно”.
Цртам и пеам за мојата мајка – манифестација во ДКЦ – Карпош
На ден 06.03.2020 година, децата од воспитната група “Зајачиња”- објект ” Бели Мугри”, учествуваа на традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема “Цртам и пеам за мојата мајка” во организација на Детски културен центар “Карпош”, по повод празникот на жената – 8-ми март.
Театарска претстава
Уште еден прекрасен ден за децата од Матичен објект…26.02 2020, ден кога гостувањето на театарската група “Арт Вени види” со претставата “Добрата самовила Добринка” ги разбранува детските срца и направи вистинска бура од емоции..
Креативна работилница во група – Ежиња
Работејќи на проектот: “Со чувствата патуваме и секаде стасуваме”, во групата од 5 до 6 год. (Ежиња), се одржа работилница на тема: “Среќното место на вашето семејство”.
Поладневна работилница во Матичен објект
Во рамките на проектната активност, на ден 18.02.2020г., се реализираше креативна работилница, на која што децата од 4 – 5 г. гр. Бубамари заедно со своите родители изработуваа Емотикони од различен ликовен и природен материјал.
Принцот Едвард, грофот од Весекс, во нашата градинка
Од посетата на Неговото Кралско Височество принцот Едвард, грофот од Весекс, на нашата градинка, како поддршка на програмата за Социјална кохезија и Културен дијалог која во изминатиов период успешно ја имплементираме во неколку групи, поставувајќи ги темелите на иднината.
Вежбам со мама и тато – попладневно дружење со родителите во Матичен објект
Татковци и мајки, браќа и сестри, заедно со децата од групата Детелинки (4-5 год) од Матичниот објект, вежбаа правилно дишење и истегнување на телото, се забавуваа и посакаа оваа дружба пак да се повтори.