All posts by admin

urbanasredina-beli_mugri
Ден на урбана средина – Бели Мугри

На ден 07.11.2018 година по повод Денот на урбана средина во објект Бели Мугри, во групата од 5 – 6г. гостин беше родител – архитект Јана Ѓорѓевиќ. Таа на децата им објасни што значи професијата архитект, ги запозна со позначајните објекти во нашиот град, како што се ГТЦ, Ману, Даут Пашин Амам, Камениот мост, Тврдината Кале, МОБ и сл. Со децата беа реализирани активности на маси, по групи – при што на соодветна мапа ги аплицираа објектите што се наоѓаат во нашиот град.

slika_2
Мече Болница – ЕМСА

На ден 06.11.2018г. во групите од 4 – 6 г. во Матичен објект, гостуваше ,,Мече болница”- Европска медицинска студентска асоцијација со претставници – студенти од Медицински факултет. Целта на оваа посета, беше кај децата да се надмине стравот од белиот мантил и одењето на лекар, како и да се поттикнат здрави животни навики, преку практични едукативни активности.

silbo1
Посета на Пекара Силбо – Панорама

На ден 06.11.2018г. децата од 4 – 5г. од објект Панорама беа во посета на пекара “Силбо”. Оваа посета имаше за цел, да ги запознае децата со основната група на храна и нејзината нутритивна вредност. Децата научија дека секој оброк треба да содржи протеини, јагленохидрати, масти како и потребни количини на витамини и минерали кои се корисни за нивниот раст и развој.

denovi_centar
Денови на Општина Центар

На ден 02.11.2018г. по повод – Деновите на Општина Центар, беше организирана манифестација во просториите на кино – Култура, во присуство на Градоначалникот, претставници од Општината и гости. Со своето присуство, манифестацијата ја збогати и учеството на децата од објект Н.Н.Борче, возрасна група од 5 – 6г .кои се претставија со музичко-драмска игра – Музикални мечиња и при тоа со својот настап, предизвикаа громогласен аплауз и воодушевување кај присутната публика.