Малите уметници наградени – Матичен објект

Детската креативност изразена преку цртеж се покажа на дело преку убавите ликовни творби. На ден 15.06.2024година, во „Литература мк“ во Дајмон мол – Скопје, се одржа литературен-музички хепенинг  на кој Лана Радуловиќ, Неда Јанчиќ, Ангела Ристовска, со менторка: Билјана Андоновска, од Матичниот објект, се меѓу наградените учесници на ликовниот дел на конкурсот „Во светот на приказните“, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. Чест и задоволство беше да се земе присуство на ваков настан, а за тоа посведочија насмеаните детски лица.

Tags