Здрав и среќен- јас сум спортист – Матичен објект

Спортот, како воспитно-социјална активност, има улога во растот и во подготовката на детето за одговорна возрасна личност. Најголеми придобивки од спортувањето имаат децата, почнувајќи од физичкото и менталното здравје, се до социјалниот аспект од животот, ги учи на толеранција, одговорност, почит и самопочит.
Одбележувањето на овој голем спортски ден- Меѓународниот ден на спортот, беше можност за спорт и спортска рекреација и во нашата градинка, со што поттикнуваме позитивен став кон физички вежби, активен и здрав начин на живот и следствено- задоволни и среќни деца. И затоа, за да бидеш здрав и среќен- биди спортист!

Tags