‘’Парковите играат голема улога во зачувувањето на здравјето на луѓето”

Престојот во природа е неопходен за човекот да ја обнови својата физичка и ментална енергија, и од големо значење е потребата да се создадат повеќе можности граѓаните да престојуваат во природа.

На која планета живееме ние? Како изгледа нашата планета? Каков е нејзиниот состав? На кој дел од планетата живеат луѓето? Колку вода има на планетата? …. Многу прашања и уште повеќе одговори до кои децата сами дојдоа преку откривачката игра “ Копното и водата на планетата Земја”.

Една од можните активности е секако образованието, затоа што парковите се еден вид надворешна училница. Фокусот е свртен кон врската помеѓу природата и здравјето на луѓето, па оттаму и слоганот „Здрави паркови, здрави луѓе”

Особено треба  да ја истакнеме  потребата за одговорен однос кон природата преку принципот – „Не оставам ништо зад себе“.