ДЕН ЗА НАГРАДИ – ИСПОЛНЕТ СО ПОЗИТИВНИ ЕМОЦИИ

Преку уметноста се отвара вратата на креативноста кај децата. Секое дело направено од детски раце е вредно за почит. Деца од трите градинки на општината учествуваа на конкурсот – Деца уметници во центарот на Скопје, во организација на градинката 13ти ноември. Од нашата градинка, награди добија – Лео Муслији и Неда Јанчиќ од Матичен објект и Бисера Терзиевска од објект Н.Н.Борче, на настан одржан на 21.05.2024 год.

Воодно, во организација на општина Центар и во присуство на градоначалникот, беа доделени пофалници и награди за најдобрите вработени од трите градинки во изминатата 2023/24 год.