Хармоника- музички инструмент – објект Панорама

Во рамките на проектот “Нашиот свет се вика музика”, децата од групата Ластовички се запознаваа со музиката и инструментите, а денешниот ден го посветивме на хармониката со посета на гостин-родител. Децата слушаа изведба на музика- Санта лучија, Рококо, Прошетка во Франција, Весела игра, Поточиња. На крајот пееја и играа Македонско девојче.
Активноста беше збогатена со изработка на креативни хармоники од хартија во боја.
Tags