Ден на здравје – Крос Трка – објект Бели Мугри

По повод 7ми Април, Меѓународниот ден на здравјето, Ј.У. Детски Културен центар-Карпош организираше Крос трка на Тартан патеката во Градскиот парк. Во оваа спортска манифестација учество земаа момчиња и девојчиња од групата Буба мари-објект Бели Мугри. Целта на оваа манифестација беше да се активираат децата и да се прикажат придобивките од стекнувањето на здрави навики уште од најмала возраст. Пораката која ја испративме на настанот беше – “Здрави навики-активни, здрави и среќни деца”!

Tags