Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

Во секојдневниот живот, а и во градинките, сите се среќаваат со различни возрасни и деца. Нема две исти деца – тие се разликуваат меѓу себе по многу нешта (изглед, способности, знаења, желби, интереси, вредности….), но истовремено имаат и многу заеднички работи.

Сите деца, без оглед на нивното потекло, статус, способности, имаат исти права. Децата со аутистичен спектар на нарушување во градинките важно е да бидат третирани како сите други деца во однос на нивните потреби.

Генералното собрание на Обединетите нации едногласно го прогласи 2 април за Светски ден за подигање на свеста за аутизмот за да ја нагласи потребата да се помогне да се подобри квалитетот на животот на децата и лицата со аутистичен спектар на нарушување за да можат да водат целосен и значаен живот како составен дел на општеството.

Соодветната поддршка и прифаќањето на оваа состојба им овозможуваат на оние од спектарот да уживаат еднакви можности и целосно и ефективно учество во општеството.