Денот на книгата за деца – објект Панорама

По повод Денот на книгата на детето, во објектот ,,Панорама” се одржа посебна активност под мотото “Подготви се да научиш да читаш од книга”. На овој настан, деца на возраст од 5-6 години учествуваа во весела и едукативна активност за учење да ги читаат своите имиња. Секое дете добива картончиња со букви, со кои самостојно или со помош на воспитувачката ги составуваат своите имиња. Целта е да се поттикне интересот и основите за читање кај најмладите, преку игра и интеракција, создавајќи позитивна и поддржувачка атмосфера за учење.

Tags