Ден на шегата-1ви Април

Во четирите објекти на нашата градинка го одбележавме Денот на шегата 1-ви Април. Сите деца од сите воспитни групи учествуваа во весело дефиле под маски. Овој настан беше одлична прилика за нив да ги истражат и изразат своите креативни способности, додека истовремено уживаа во играта и забавата на отворено.