Загадувачи на водите

Живиот свет во водите е неизмерно богат и разновиден, но неговото опстојување најмногу зависи од човекот и неговите постапки. Дечињата треба од мали да се запознаат со загадувачите на водите, но и да научат како да ги спречат ефектите од загадувањето. Еден од начините е филтрација на отпадните води, а тоа го осознавме преку истражувачка игра. Најпрво чистста вода ја “загадивме” со масло, оцет и кафе, а потоа користејќи природни материјали направивме филтер. Кога помина водата низ филтерот забележавме дека е прочистена и нема повеќе нечистотии.
Оваа активност е дизајнирана за да ги научи децата на важноста на чистата вода преку интерактивно искуство.