Ден на екологија

Многу често го слушаме зборот екологија, но некои луѓе се уште не го знаат нејзиното вистинско значење. Затоа ние се трудиме да ги израснеме дечињата во совесни личности кои ќе ја прифатат и применуваат екологијата како дел од современиот начин на живеење.
Денот на екологијата го одбележавме со активност низ која децата го согледаа штетното влијание на загадената вода врз рибите кои се нивни постојани жители, а знаењата ги поткрепивме и со помош на енциклопедии. На крај изработивме постер на тема „Морски свет“ со желба и порака да ја зачуваме чиста животната средина.