Посета на Планетариум “Патуваме во вселената со вселенски брод”- објект Н.Н.Борче

Вселената е бескрајна небесна шир која човекот сеуште ја истражува. Кога станува збор за планетите и ѕвездите децата секогаш се воодушевуваат. Затоа на ден 23.02.2024г. децата на возраст од 5-6г. од градинката “Н.Н.Борче” беа во посета на Планетариум каде што беа фасцинирани од сето тоа што го видоа и научија за небесните тела.

Tags