ВО ЦАРСТВОТО НА ДЕТСКАТА УМЕТНОСТ – ГОЛЕМИ ЧЕКОРИ НА НАШИТЕ МАЛИ УМЕТНИЦИ

Најдобар начин да им се доближи уметноста на децата, е тие самите да ја применуваат. Тие тогаш умеат да бидат толку отворени, креативни и инспиративни!
Нашите мали уметници со своите цртежи, учествуваа на ликовниот конкурс – Биди уметник, на тема – Играј со мене, кој традиционално се одржува секоја година во Р. Словенија и освоија признанија.
Честитки за малите уметници и нивните ментори – Томас Капетановски, Лана Калчовска, Бисера Терзиевска, Лара Јовановиќ, Софија Копанова, Неда Јанчиќ и Софија Спирковска.