Ден на мајчин јазик – објект Бели Мугри

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден на лингвистичката и културната разновидност и се потенцира важноста и уникатноста на секој јазик на планетата земја. Затоа потребно е децата да имаат можност да учат и да го негуваат својот мајчин јазик, но да учат и други јазици. Токму преку совладувањето на јазикот кој се говори дома, односно мајчиниот јазик, децата учат да читаат и пишуваат, а потоа ги надградуваат и сите останати знаења.
Јазиците кои се зборуваат во една земја, пренесуваат култура, вредности и традиција и затоа играат огромна улога во создавање одржлив развој и иднина.
Во групата од 5 до 6 години “Буба Мари”, Денот на мајчиниот јазик го одбележавме со посета на гостин родител од турска националнист Мехмед Бузгулу и нашата драга колешка Фарие Салиху од албанска националност, кои  ги поздравија децата и ги запознаа со основните зборови Добро утро, Добар ден, Добро вечер, Довидување, броевите од 1 до 10 и сл. на нивниот мајчин јазик.

Tags