Меѓународен ден на лицата со попреченост

Од неговото прогласување во 1992 година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во резолуцијата 47/3, Меѓународниот ден на лицата со попреченост на Обединетите нации се слави секоја година на 3ти декември низ целиот свет.

Одбележувањето на овој ден има за цел да промовира разбирање за прашањата за попреченост и да мобилизира поддршка за достоинството, правата и благосостојбата на лицата со попреченост.

Лицата кои имаат делумна или целосна попреченост во моториката на нозете, неа барем делумно може да ја амортизираат со користење на разни помагала (одалки, колички…).  За да можат овие лица непречено да ги вршат секојдневните активности, од особена важност е пристапноста на објектите (преку поставување рампи, лифтови и соодветни тротоарни пристапи, соодветни паркинг простори, без физички бариери на патеката на движење, без тесни патеки итн.), пристапноста на просториите (без собни прагови, прилагодени тоалети, доволна ширина за движење со количка низ просторот итн.) и достапноста на предметите (на висина на дофат на рацете на овие лица).

По тој повод, дечињата од големите групи, се запознаа со овој вид на попреченост, преку обработка на сликовницата – Марко во количка. Научија дека околината кон овие лица треба да се однесува на ист начин како и со кое било друго лице – со должна почит кон нивната личност и способности.