“Доживувањето на Куферко”

Дечињата од сите објекти од нашата градинка, го имаа задоволството да ја проследат прекрасната музичко-драмска претстава “Доживувањето на Куферко”. Покрај основните цели, овојпат пораката беше дека секој треба да се прифати себеси таков каков што е, постојано збогатувајќи го својот емоционален свет.
Најголемиот мотив беше да се поттикне љубовта кон театарот, драмската уметност, детската фантазија, а воедно да се видат насмеани, љубопитни и задоволни детски лица.