Работејќи на едукативниот проект – Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење во соработка со здружение за едукација, комуникација и консалтинг ОХО, децата од големите групи од 5 до 6 год. научија дека отпадното масло за јадење од домаќинствата треба да се собира и рециклира, а не да се истура насекаде. Исто така преку играта – Загадување на природата заклучивме дека тоа влијае и на животните и на растенијата, истовремено поттикнувајќи ги децата да размислуваат и да забележат што треба ние луѓето да направиме за да го намалиме загадувањето. Собирајќи го маслото во посебни кантички си помагаме себеси, а и на природата.