Роденденот на градот Скопје, 13ти Ноември, го одбележавме во холот на градинката и по тој повод реализиравме заедничка приредба под мотото “Скопје роденден слави”.
Децата рецитираа стихови и пееја песнички за својот роден град Скопје, а потоа направија убава макета и изработија постери кои ги изложивме во холот на градинката.