По повод роденденот на градот Скопје децата од објектот Панорама се прошетаа низ центарот на градот и посетија неколку знаменитости: споменикот на Александар Македонски и фонтаната што се наоѓаат на плоштадот, реката Вардар и Камениот Мост, Порта Македонија. Беа и во Спомен куќата на Мајка Тереза каде што се запознаа со животот и делата на Мајка Тереза која што целиот свој живот го посветила на помагање на болните, сиромашните и изнемоштени лица.