Приредба по повод роденденот на нашиот град – објект Панорама

Скопје – градот што не маѓепсува со својата историја и култура.
Денес го прославивме роденденот на градот Скопје со приредба во нашата прекрасна градинка ,,Кочо Рацин” – објект ,,Панорама”.
Весели и насмеани децата  го прославија роденденот со песни и стихотворби за својот град Скопје. Сите присутни обединети во радост го празнуваа роденденот на градот, оставајќи насмевки на лицата и спомени во срцата на секој присутен.
Tags