Го славиме денот на повторното раѓање на градот Скопје. Роденденот на градот, 13ти ноември, е денот кога е ослободен, а слободата се празнува.
Нашата градинка-Матичниот објект го одбележа овој значаен ден за градот Скопје со стихови, песни за Скопје, но и со ликовен израз, преку кои децата ја покажаа својата среќа што живеат во град кој е вреден да се чува, да се негува, како што тоа го правеле и предците пред нас, а ќе продолжат и генерациите по нас.