Градот Скопје роденден слави – објект Н.Н. Борче

Секој од нас роденден слави и тој ден е најважен од сите останати во годината. За нашиот град најзначаен е 13ти Ноември, тоа е Денот на ослободување на Скопје. Во чест на овој празник децата од објектот Н.Н.Борче го посетија Музејот на современа уметност каде имаа можност да видат нацрти и макети на неколку значајни градби во Скопје. Исто така играа, пееја и рецитираа песни и стихови посветени на нашиот сакан град, а дел од дечињата земаа учество на манифестацијата “Го градам мојот град” во Детскиот културен центар “Карпош”, на која се претставија со изработена макета со знаменитости од градот.

Tags