,,Времето си игра секој ден како сака” – објект Панорама

Климатските промени се како приказна, нашето планетарно природно богатство. Земјата-нашиот дом се менува пред нашите очи. Глобалното загревање предизвикува екстремни временски услови како што се сушите, силни бури, поплави кои се одразуваат на животната средина и луѓето.

Доколку сите се обидеме  да бидеме посветени на одржливи практики и да се бориме за зачувување на климата, можеме да создадеме подобра и одржлива иднина за сите нас.

Со цел да го означиме моментот и да ги прославиме промените  што се случуваат  околу нас, одлучивме да создадеме временска капсула во нашата градинка ,,Кочо Рацин” објект ,,Панорама”. Во временската капсула, ќе зачуваме дел од нашиот секојдневен живот, ќе оставиме пораки, флаерчиња, бисерчиња. Ова ќе биде нешто што ќе ги потсетува идните генерации за моментите кога  се обидовме за го смениме патот на климатските промени и да го направиме светот подобар за сите.

Tags