Одбележување на Ден на урбана средина – објект Н.Н. Борче

УРБАНА СРЕДИНА- претставува дел од животната средина, која човекот потполно ја изменил со објектите што ги изградил и ги гради (згради, улици, културни центри, образовни институции и др.)

По тој повод децата од големите групи од објектот Н.Н.Борче излегоа на прошетка во блиската околина со цел да го разгледаат нашето модернизирано и урбано Скопје. Децата од средните групи со играчките од центрите изградија урбана и рурална средина со цел да се воочат разликите меѓу истите.

Tags