Светски ден на климатски промени

Собир на поларните животни
Се собрале поларните животни на состанок итен и многу битен. Се загрижиле за ледот кој се топи во вечерните ноти. Синџирот на исхрана полека го снемува и желбата за живот, како цвеќе без вода им овенува. Климатската промена своето го стори, мора добра идеја итно да се роди.
Одлучија пошта на децата да пратат со надеж дека одговор ќе вратат. Во пораката се молат за помош нивна, писмото веднаш до небо се вивна. Летајќи по својот светлосен пат, здогледа дете со волшебен зрак. Детето, писмото го отвори и со очите како буф се ококори. Дружината веднаш ја собра, се договараа до утринска доба. Коцки лед и фен во рака, секоја задача ја решаваат без мака. Енциклопедии и слики од животните разни, без допир се воочуваат нивните крзна мазни. Се стекнаа со знаење вешто, без да слушаат секого и сешто. Од топлиот воздух на фенот, ледот се стопи, се почуствуваа животинските тажни ноти.
Дружината верна за работа се фати и испратија еколошки пораки:
До сите луѓе на овој свет, помислете на белите животни со боја на снег.
Писмото до Јужниот Пол се врати, со надеж дека повеќе нема да имаат маки.