Планетата Земја крева глас од климатските промени бара спас – објект Н.Н.Борче

Климатските промени од ден на ден стануваат се поголема закана за живиот свет на планетата Земја. Негативното влијание најмногу ќе го почуствуваат поларните животни чија што природна животна средина се студените краеви покриени со мраз и снег. Нивното топење би резултирало со исчезнување на овие животински видови.

Денот на климатските промени се одбележува на 04.11. и со цел да го разберат неговото значење со децата ќе изведеме експеримент со мраз и извор на топлина и преку практичен пример ќе го доловиме процесот на топење на мразот.

Tags