“Еко патроли со еко пароли”- Ден на чист воздух – Матичен објект

Воздухот е насекаде околу нас, иако не можеме да го видиме. Потребен ни е за да дишеме, да размислуваме, да играме, да расте целиот жив свет, но потребно е сите да се потрудиме тој да биде чист, зашто на целиот жив свет му е потребен чист воздух за здрав и квалитетен живот.
Денес го одбележавме-Денот на чистиот воздух му се радувавме-вежбајќи, креативно изразувајќи се и дишејќи со полни гради, па децата од возрасните групи од 3 до 6 години од матичниот објект, се потрудија да придонесат да се подигне свеста на сите нас и со еко патроли испратија еко пароли со јасна порака- Чист воздух за здравје на сите!

Tags