Овошје и зеленчук јади, а помалку чоколади – објект Бели Мугри

Децата растат многу брзо, тие се многу активни и нивните енергетски потреби се многу големи.

За таа цел во нашиот објект Бели Мугри ни гостуваше м-р по Нутриционизам Фани Гулевска. Таа на едноставен начин со взаемна интеракција со децата говореше на тема здрава храна и здрави навики кои се основа за здраво детство. Исто така посочи дека правилен пристап кон храната уште од најмала возраст е всушност давање на децата нутритивно густа и калорична храна која ќе содржи доволно витамини и минерали кои се неопходни за правилен раст и развој.

Активноста продолжи во нашата занимална со боење на листови со здрава храна и со конзумирање на вкусна овошна каша.

 

Tags