“ВИТАМИНИ ВО ЧАША” – објект Бели Мугри

Конзумирањето на здрава храна е секојдневие на секој човек. Навиките за конзумирање на здрава храна се стекнуваат уште од најмала возраст, иако добро е познато дека, не секое дете внесува здрава храна.
Ви нудиме интересен и лесен начин на подготвување здрав оброк од овошје, познат по популарното име како СМУДИ.
За подготовка на овошниот оброк ги користевме есенските плодови: јаболко и круша, но употребивме и банана.
Се надеваме дека овој практичен и едноставен начин  на конзумирање на овошје, на секое дете ќе му стане секојдневие.
Tags